ЖИТЕЛИТЕ ОД ТРЕТА ЗОНА ОСТАНАА БЕЗ ВОДА, А КОГА ЌЕ ИМА, НАДЛЕЖНИТЕ БЕЗ ОДГОВОР.

јуни 18, 2023
1 минути

Повеќе од дваесет часа како жителите во Трета зона (повисоките места од западниот дел на градот) останаа без вода.

Според информациите настанат е поголем дефект на главниот цевковод кој минува под реката и е кај мостот во близина на пазарот. Засега од „Водовод“ не го коментираат настанот ниту пак имаат превземено нешто за да почне дефектот да се отстрани.

Според непроверени информации потребно било во тој дел на реката водата да се насочи да тече по другата страна и да почне да се копа, но засега никој ниту почнал да ја пренасочува водата ниту некој копа.

Жителите на оваа зона стравуваат дека дефектот ќе потрае неколку дена и како што некој ги информирал треба да се подготват да издржат уште 2-3 дена без вода.

Дали дефектот ќе се отстрани во краток периот или навистина поправката ќе потрае ќе се знае веќе од утре ако не од денес.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ