Столе Ефтимов како член на Македонската репрезентација во борење го освои златниот медал на Меѓународниот турнир во борење „Мухамед Мало“ кој од 12 до 15 овој месец се одржа во Тирана (Албанија).
Ефтимов првото место го освои во категоријата на борачи до 97 килограми. Тој имаше три борби и исто толку победи.
Во првата борба Столе Ефтимов го победи домашниот репрезентативец, во втората претставникот на Италија а во борбата за златото беше поуспешен од Романскиот репрезентативец.
Турнирот мошне успешно го организираше Светската боречка федерација во соработка со Албанската боречка федерација.
Убав успех за Ефтимов кој веќе во серија е меѓу најдобрите на поголемите турнири и натпреварувања.
С. Ивановски