ДЕВОЈЧИЊАТА ОД ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ОД ОБЛЕШЕВО ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ ВО ФУТСАЛ – КАТЕГОРИЈА ОСНОВЦИ

Во Спорт
април 16, 2024
1 минути

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија а со техничка организација на ООУ „Климент Охридски“ од Облешево, денес во Облешево се одржа Државниот натпревар во футсал за девојчиња од основните одделенија.

На првенството учествуваа четирите основни училишта како победници од четирите региони во Македонија:

-ООУ „Климент Охридски“ (Облешево),

-ООУ „Мирче Ацев (Скопје),

-ООУ „Јосип Броз Тито“ (Валандово) ,

-ООУ „Браќа Миладиновци“ (Струга)

Присутните гости кои прописно ги исполнија трибините во училишната сала ги поздрави Јорданчо Костадинов, Директор на ООУ „Климент Охридски“ а потоа во живе беше испеана македонската химна, за да пред почетокот на натпреварите фолклорен ансамбл со сплет на ора даде еден посебен белег на ова натпреварување.

Резултати од поли финалните натпревари:

ООУ „Климент Охридски“ – ООУ „Мирче Ацев 3:1

ООУ „Јосип Броз Тито“  – ООУ „Браќа Миладиновци“  5:2

Мало финале – борба за 3-то место:

ООУ „Мирче Ацев – ООУ „Браќа Миладиновци“ 2:1

ФИНАЛЕ:

ООУ „Климент Охридски“ – ООУ „Јосип Броз Тито“  2:0

Организацијата на целиот турнир беше беспрекорна.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ