Кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“ од Кочани годинава го одбележува својот 21-ви роденден. Наместо да слави успеси, клубот го дочекува овој јубилеј во знак на жалост и сочувство. Трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани одзеде 62 животи – меѓу нив и млади кошаркари, пријатели и членови на кошаркарската заедница.
Во чест на загинатите, во четврток на 24 април 2025 година, во 20:00 часот, во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ ќе се одржи хуманитарен кошаркарски натпревар организиран од КК Баскет Дино.
На паркетот ќе застанат поранешни и сегашни кошаркари, обединети преку спортот, љубовта и спомените.
Сите средства собрани од продажбата на влезници ќе бидат донирани на семејствата на настраданите.Билетите ќе се продаваат во предпродажба почнувајќи од ВТОРНИК. Натпреварот претставува повеќе од спортски настан – тој е симбол на сплотеност, човечност и длабока почит кон сите изгубени животи. Секој билет ќе биде повеќе од влез – ќе биде порака на сочувство, солидарност и љубов.
Да не заборавиме. Да бидеме едно. За нив. За нас. За Кочани. Во име и чест од клубот ќе ве замолиме да го споделете ова, повикувајќи на масовност и поздравување и оддавање чест на загинатите и повредените. Сите сограѓани ги повикуваме во сала, масовно.
КК „Баскет Дино“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ