Денес во Кочани се одржа Завршниот проект од Еразмус+ програмата , „Дигитално културно наследство“. Голубинка Георгиева ги поздрави присутните од името на Локалната самоуправа како и домаќинот на овој настан Александар Андов – в.д. директор во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Поздравно обраќање имаа и претставниците од учесниците во проектот од Република Хрватска и Република Бугарија. Теодора Христова проектен координатор, во своето обраќање зборуваше конкретно за самиот проект, за неговата намена и придовка по неговото завршувањето.
Како што беше нагласено станува збор за проект од Еразмус + програмата, 2020-1-HR01-KA227-SCH-094766, именуван како ,,Дигитално културно наследство”.
Од ООУ „Никола Карев“ кое е носител на проектот од Кочани во тимот како ментори беа вклучени наставници по географија, ликовно образование и музичко образование, а проектниот координатор е наставник по англиски јазик.
Покрај ООУ ,,Никола Карев” од Кочани, (Македонија), учесници во проектот се и основни училишта од Велики Буковец (Хрватска) и Пазарџик (Бугарија), како и невладини организации од истите држави.
Целта на проектот е да се претстави културното наследство на сите овие држави преку креативноста и иновативноста на учениците и менторите, користејќи современа опрема која се добива од проектот како што се камери 360 степени, лаптопи и телефони.
Проектот содржи креирање на приказни од историски објекти, уметнички изработки или цртежи, традиционални носии, музика, танци, карактеристични за културата и обичаите на секоја од државите.
Моментите на стекнување нови знаења од овој проект се непроценливи, учесниците се стекнуваат со нови знаења користејки нова технологија, а во иднина сето тоа ќе им служи на сите вработени и ученици што е и конечната цел на проектот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ