И ПО ТРИ МЕСЕЦИ РУИНАТА СИ СТОИ

април 20, 2023
0 min read

Поминаа нешто повеќе од три месеци како се случи сообраќајна несреќа во близина на мостот кај „Шопинг центарот“ по која дел од р’тмот беше оштетен. И по три месеци сликата е иста, руината стои и никој не го интересира дали и како треба да се врати во првобитната положба.

За време на Велигденските празници дел од наши сограѓани кои сега не живеат во Кочани а беа дојдени, го фотографираа просторот чисто онака или пак кога ќе се вратат по неколку месеци да видат дали нешто околу ова е изменето.

Како што стојат работите ако оваа руина и понатака остане каква што е сега, можеби постепено и ќе стане некоја туристичка атракција, како нешто ново што се направило во „градот на оризот“.

Секој друг коментар е непотребен.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ