Со пригодна културно забавна програма во режија на училишниот хор и оркестар, ритмички точки и драматизација вечерва во спортската сала на училиштето започна чествувањето на патрониот празник и одбележувањето на 118 годишнината од смртта на претседателот на Крушевската Република Никола Карев.
По тој повод на свечената академија, Александар Андов в.д. директор на ООУ „Никола Карев“ најпрвин направи едно кратко обраќање пред присутните во салата за сето она што периодот меѓу двата патронати како проекти го сработи училиштето.
Свеченоста беше збогатена со доделување на плакети и благидарници на сите помагатели на училиштето а истите ги врач Александар Андов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ