Денес нашето училиште го посетија Џери Дибл – претставник на УСАИД за Македонија, Кристина Дерибан, Билјана Величковска – одговорна за комуникации на УСАИД во Македонија, Алонзо Фулгхрам – партнер во Паладиум (компанијата која ги спорведува проектите во име на УСАИД – и БЕП и сегашниот P4EG) и Дејан Јаневски – директор на P4EG. Директорот Спирко Златков им го презентира досегашниот завршен проект кој е имплементиран во соработка со компанијата „Амфенол“ со поддршка на УСАИД.
На денешната средба се разговараше за можностите за понатамошна соработка со цел модернизација на опремата и кабинетите по практична настава.
СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ