На 21.05.2023 во 15.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Лазо Стоименов“, И.С.(32) од Кочани, управувајќи мотоцикл „кимко“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
По несреќата, И.С. бил пренесен во Општа болница Кочани, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани.
ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ