ВО САБОТА 23. ИЗДАНИЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“

Во Спорт
јуни 2, 2023
1 минути

Годинешното 23-то издание на традиционалниот Меѓународен меморијален турнир во борење – слободен стил „Легендите на Спартак“ годинава е закажано за утре (03.јуни).

На турнирот право на настап имаат момчиња (родени 2009 – 2912) и девојчиња (родени 2010-2012). Секој клуб учесник на турнирот има право на по еден натпреварувач во секоја категорија, а истите можат да настапат само со заверена легитимација од БФСМ или со пасош.

Натпреварите започнуваат со 11:00 часот додека финалните борби ќе започнат во 15:00 часот.

Учеството на турнирот досега го потврдија сите боречки екипи од Република Македонија, како и екипи од република Србија, Грција, Косово и неколку клубови од Бугарија.

Годинешниот меморијален меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак“ ќе се одржи во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ во Кочани.

С.  Ивановски