СО ПОБЕДА И ПОРАЗ ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ГО ЗАВРШИ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО У-15

јули 9, 2023
1 min read

Со победа и пораз Даријан Павлев го заврши Европското првенство У-15 за момчиња и девојчиња кое од 06-09 Јули се одржа во Капошвар (Унгарија).

Павлев настапи во категоријата до 57 килограми во која имаше 24 натпреварувачи.

Во првата борба Даријан Павлев беше поуспешен од претставникот на Литванија Јанис Руикис и го совлада со 10:3, додека во вториот натпревар иако кон крајот на првата рунда го доведе полскиот претставник Михаил Давид Мачјук во туш позиција, сирената се огласи и рундата заврши. Со мисли дека победата му побегна во понатамошниот тек од борбата на Даријан му падна концентрацијата, полјакот ги искористи моментот, ги искористи сите свои шанси и го победи нашиот претставник со 13:2.

Во конечниот пласман во категоријата до 57 килограми, Павлев го зазеде 12-тото место од вкупно 24 натпреварувачи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ