Во организација на Боречкиот клуб „Вардар 1961“ од Скопје, денес во спортската сала „ Антон Димитров“ – Општина Бутел (Скопје) се одржа првиот Меѓународен турнир во борење „Бојан Рангелов 2023“.
На турнирот учествуваа борачи од Србија, Бугарија, Косово и од сите боречки клубови од Македонија во машка и женска конкуренција.
БК „Спартак“ на турнирот партиципираше со четири борачи кои на крајот освоија две втори места.
Славица Митева настапи во категоријата до 52 килограми и го освои сребрениот медал, а по нејзините стапки тргна и Павел Темелков, категорија до 64 килограми кој исто така стигна до сребрениот медал.
Вистинско разочарување е настапот на Даријан Павлев и Илија Иванов кои останаа без пласман, особено загрижува настапот на Павлев кој годинава беше учесник и на Балканското првенство и на Европското првенство.
Освен четворицата борачи во експедицијата на БК „Спартак“ беа и тренерот Иван Јанев и судијата Гоце Ангелов.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ