Со натпреварите од првото коло започна годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига за жени.
Екипата на „Кочани“ која како домаќин го играше натпреварот во Виница со сигурна игра особено во првото полувреме ја совладаа екипата на „Порече“ со 5:1 (4:0). Головите за кочанчанки ги постигнаа Андреа Донева 11’, 30’, 44’ и Глорија Стојмилова 21’, 52, додека единствениот погодок за гостинките е дело на Сара Алампиоска 59’.
Високи победи во првото коло забележаа девојќињата на „Вардар 2023“ во Охрид, односно на „Атлетико“ во Битола, додека натпреварот во Велес не даде победник.
Резултати од првото коло:
„Кочани“ – „Порече“ 5:1
„Билјанини извори“ – „Вардар 2023“ 1:16
„„Борец“ – „Победа Валандово 16“ 2:2
„Атлетико“ – „Плачковица“ 11:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ