РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ ВО КОЧАНИ – НЕ ЗА РОДОВАТА ИДЕОЛОГИЈА

септември 24, 2023
0 минути

Почитувани медиуми, Од утре, 25 септември 2023 година, во 19 часот пред ГТЦ Кочани, „Родителски фронт“ започнува со собирање потписи за Петицијата „НЕ за родовата идеологија“ во училиштата, актите и документите на Општина Кочани. Станува збор за иницијатива која почна пред десетина дена во Струмица, кога здружението на граѓани „Родителски фронт“, застана гласно против родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес.

Поради сериозноста на проблемот, одговорноста што сите ние, како родители, роднини, пријатели и поединци ги имаме за правилен психофизички развој на децата и заштита на семејството, а со тоа и самото општество, сметаме дека е вистински момент оваа акција да почне и во Кочани.

Со надеж дека локалните власти ќе ја препознаат и прифатат загриженоста на граѓаните и тоа ќе го имплементираат во своите акти и програми.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ