НАЈАВА ЗА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ДА СЕ УБИЕ, СЕБЕ ВО СЕБЕ“ ОД АВТОРОТ ДОНЕ ДОНЕВ

октомври 9, 2023
1 минути

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани за Вторник (10 Октомври) со почеток во 18:00 часот најавена е промоција на книгата „Да се убие, себе во себе“ чиј автор е Доне Донев.

Водител на настанот е м-р Љупка Стојменова а како учесници во промоцијата ќе се појават проф. д-р Марија Соколова, м-р Љубинка Ајтовска и проф. Александар Димитров.

Промоцијата е закажана во Мултикултурниот Центар во Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ