ГОРАН ГОЦЕВСКИ ЗАМИНА ОД „ОСОГОВО“ И Е НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „КАМЕНИЦА САСА“

октомври 11, 2023
0 min read

Горан Гоцевски досегашниот прв помошник на Шефот на Стручниот штаб на „Осогово“ – Кочани Добринко Илиевски од денес застана на кормилото на неговиот матичен клуб „Каменица Саса“.

Гоцевски кој важи за голем фудбалски работник и одличен познавач на фудбалската игра по една година пауза се враќа онаму каде ги направи првите фудбалски чекори.

Дознаваме дека причината да се врати во матичниот клуб е смената на досегашниот Претседател на „Каменица Саса“ кој имаше спротивни погледи кон фудбалската игра од Гоцевски.

„Најпрвин би сакал да кажам дека од Осогово си заминувам со крепата глава. Бев одлично примен од управата на клубот, од колегите во стручниот штаб, од играчи како и од навивачите кои се одлични познавачи на фудбалот, но каменот тежи кон своето огниште. Пред една година од Каменица Саса си заминав по одлично одработените летни подготовки од причина што со сега веќе бившиот претседател на клубот имавме поинакви сфаќања за тимот. Сега се случи промена во управата на Каменица Саса, бев повикан да се вратам од новиот претседател и јас од денес можам да кажам дека ќе го водам мојот матичен клуб низ немирните второлигашки води. Со Осогово имавме лош старт во првенството, но од овој млад состав допрва ќе има добри резултати. Играчите се претежно млади и без некое поголемо искуство но од коло во коло тие се пронаоѓаа и дојдоа добри резултати во последните три кола. На Осогово од срце му посакувам да се најде онаму каде управата вети пред почетокот на првенството а тоа е средината на табелата“ беше изјавата на Горан Гоцевски во телефонскиот разговор.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ