Борачите на „Спартак“ од Кочани со цел да ја одржат добрата форма продолжуваат со учествово на турнирите.
Денес четири борачи, од кои двајца во машка и две во женска конкуренција учествуваа на Првиот Меѓународен меморијален турнир „Тони Танчев“ кој се одржа во Конче (Радовиш) и се закитија со два златни еден сребрен и еден бронзен медал.
Славица Митева во категоријата до 44 килограми и Даријан Павлев во категоријата до 58 килограми се искачија на највисокото место на пиедесталот. Павел Темелков во категоријата до 64 килограми заврши како втор а Стојана Митева во категоријата до 48 килограми беше трета.
Одличен организатор на турнирот беше Боречкиот клуб „Бучим шампиони’ од Конче, а на турнирот зедоа учество повеќе од 70 борачи од речиси сите клубови од Македонија како и претставници од два клуба од Косово.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ