Паузата во првенствата поради настапите на Македонската Фудбалска Репрезентација екипите на „Осогово“ и „Силекс“ ја искористија со одигрување на пријателски натпревар.
Натпреварот се одигра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани а второлигашот „Осогово“ беше поуспешен и победи 3:1 (2:0).
Со головите на Јован Дојчинов и Тоше Манов во првото полувреме кочанчани дојдоа до водство од 2:0. Во вториот дел „Силекс“ го намали водството преку Димитрие Поповски а конечните 3:1 ги постави Тоше Манов со својот втор погодок.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ