Во организација на Белградски афористички круг во Белград (Република Србија) се одржа 21. издание на меѓународниот фестивал за хумор и сатира „Сатира фест 2023“.
На фестивалот учествуваа голем број учесници од сите републики на некогашна Југославија а Македонија ја претставија: Јане Атанасов, Миле Ѓорѓијоски, Ацо Ѓорѓиев, Атанас Кралевски и Димитар Илиев – Вилазорски.
Наградата „Весна Денчиќ“ која годинава за прв пат беше доделена за најдобра серија афоризми, во конкуренција на 39 афористичари му беше доделена на Миле Ѓорѓијоски од Делчево.
Во пресрет на фестивалот, учесниците положија цвеќе на спомен-бистата на писателот Радоја Домановиќ кој се наоѓа на Калемегдан а во чест на 150 годишнината од неговото раѓање.
Инаку годинешниот фестивал беше посветен на шеесет годишнината од раѓањето на сатиричарката и главен уредник на електорнскиот портал „Етна“ Веса Денчиќ, а целиот фестивал беше под слоганот „Во друштво не се шепоти“.
С. Ивановски.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ