Денес се одиграа двата одложени натпревари од 13-тото коло од Втората Фудбалска Лига кои на програмата беа во саботата. Натпреварите „Беса“ – „Тетекс“ и „Скопје“ – „Осогово“ во саботата немаше услови да започнат поради катастрофалните услови на терените предизвикани од врнежите на дожд.
Денес лидерот на табелата „Беса“ без поголеми проблеми го совлада „Тетекс“ со 4:0, додека во Скопје истоимениот клуб со доста напори и минимален резултат ја совлада жилавата екипа на „Осогово“. Самиот натпревар помина без некои изразити шанси за гол бидејќи по лизгавиот и мошне лош терен за игра играчите од двете екипи повеќе се пазеа да не се повредат отколку да имаат течна игра од која ќе произлезат и шанси за гол. Единствениот погодок падна во 80’. По нафрлената топка во шеснаесетникот на „Осогово“ од десната страна еден домашен играч беше оставен на 2-3 метри оддалечен од десната статива, следуваше удар со глава а лизгавата топка гостинскиот голман Ѓорѓи Јованоски успеа да ја одбие, но за жал само до слободниот домашен играч Стојан Попоски кој биеше во небранетиот дел на мрежата. До крајот на натпреварот гостите се обидоа да дојдат до израмнување но ударите на Славе Колевски и Никола Стоиловски не завршија во мрежата на домаќините.
Комплетни резултати од 13-тото коло:
„Скопје“ – „Осогово“ 1:0
„Детонит Плачковица“ – „Охрид“ 1:0
„Кожуф“ – „Каменица Саса“ 3:2
„Караорман“ – „Новаци“ 1:3
„Вардар“ (Н) – „Беласица“ 1:0
„Аресими“ – „Победа“ 8:1
„Пелистер“ – „Башкими“ 4:0
„Беса“ – „Тетекс“ 4:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ