Од успешно организираната зимската трка „Nebojani trail“. не помина ниту еден месец а членовите на КПС „Осоговоски орел“ од Кочани продолжија со своите успешни активности.
Во текот на денешниот ден тие имаа мошне забележителни настапи на треил трката „За љубов и вино“ и искачување на највисокиот врв во Македонија, врвот „Кораб“ 2764 метри.
На треил трката „За љубов и вино“ која се организира по втор пат во околината на Долни Дисан општина Неготино во категоријата жени Ангела Величкова на патеката во должина од 8 километри го освои третото место.
Ѓорѓи Величков и Зоран Давитков го освоија врвот „Кораб“ кој е на границата помеѓу Република Македонија и Албанија и воедно е највисоката точка во Македонија.
Од КПС „Осоговоски орел“ најавуваат дека успешните активности ќе продолжат се додека трае сезоната.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ