МИЛЕ ЛЕФКОВ ВО ТРКА ЗА ВТОР МАНДАТ, А ЈОРДАНЧО КОСТАДИНОВ ЗА ПРВ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

март 29, 2024
1 min read

Вечерва на седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ беа утврдени и соопштени кандидатските листи во шесте изборни единици.

Миле Лефков е кандидат за пратеник во третата изборна единица од ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани, а Јорданчо Костадинов од ОК ВМРО ДПМНЕ  – Чешиново-Облешево, каде носител на листата за пратеници е Драган Ковачки.

Лефков на гласачкото ливче е под бројот 7 (седум) додека Јорданчо Костадинов е под бројот 18 (осумнаесет).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ