Наш читател ни испрати две фотографии кои како што пишува денес околу пладне ги направил на „Крушарски мост“.
На дел од железната конструкција јасно се гледа змија која очигледно инспирирана од топлото време излегла од своето лежиште.
На само неколку метри од местото е платото од „Паркот на револуцијата“ кој денес беше посетен повеќе со возрасни минувачи кои како да не беа заинтересирани да го погледнат она што неколкумина го гледале и коментирале.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ