ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ШЕСТ ЕКИПИ СТРАВУВААТ ЗА ВТОРОЛИГАШКИОТ СТАТУС

Во Спорт
април 10, 2024
1 минути

До завршување на годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига остануваат да се одиграат уште седум кола во кои шест екипи стравуваат за второлигашкиот статус. Интересно е што според распоредот по се изгледа нема да бидат доволни победите на домашен терен туку 3-4 бода од страна колку толку ќе им дадат некаква надеж.

Еве го распоредот на шете најзагрозени екипи во преостанатите седум кола:

16.„КАРАОРМАН“  (15) – Башкими (Г), Победа (Д), Осогово (Г), Беласица (Д), Новаци (Г), Каменица Саса (Д), Детонит Плачковица (Г).

15.„КАМЕНИЦА САСА“ (17) – Беласица (Г), Новаци (Д), Охрид (Г), Детонит Плачковица (Г), Кожуф (Д), Караорман (Г), Вардар (Н) (Д).

14.„ОСОГОВО“  (20) – Детонит Плачковица (Д), Кожуф (Г), Караорман (Д), Вардар (Н) (Г), Скопје (Д), Аресими (Г), Пелистер (Д).

13.„ПОБЕДА“  (23) – Кожуф (Д), Караорман (Г), Вардар (Н) (Д), Скопје (Г), Аресими (Д), Пелистер (Г), Беса (Д).

12.„НОВАЦИ“ – Огрид (Г), Каменица Саса (Г), Детонит Плачковица ), Кожуф (Г), Караорман (Д), Вардар (Н) (Г), Скопје (Д).

11.„ТЕТЕКС“ – Вардар (Н) (Д), Скопје (Г), Аресими (Д), Пелистер (Г), Беса (Д), Охрид (Д), Башкими (Г).

Десеттиот „Вардар“ (Н) и деветтиот „Кожуф“ имаат по 28 бодови.

Ни претстојат интересни и неизвесни натпревари

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ