ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

мај 20, 2024
1 минути

Во присуство на гости и пензионирани пожарникари, Територијалната противпожарна едница – Кочани го одбележа 20 Мај, Денот на пожарникарите во Македонија.

Единицата ја поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој го истакна задоволството што Кочани има пожарникарски состав што умее професионално да одговори на задачите и да се справи со предизвиците.

На церемонијата Градоначалникот Љупчо Папазов ги поздрави и членовите на Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

На свеченоста по повод празникот на пожарникарите беа доделени традиционалните признанија. Признанието најуспешен пожарникар за 2023 година му беше доделено на Благојчо Паунов од ТППЕ – Кочани, додека признанието за најдобар доброволен пожарникар му беше врачено на Дејан Митков од ДПД – Кочани.

Во традиционалното обраќање Командирот на ТППЕ – Кочани Драган Апостолов истакна со какви интервенции и на каков простор дејствувала Територијалната противпожарна Единица – Кочани во годината помеѓу двата чествувања.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ