НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО ДОНАЦИЈА ЗА ТППЕ КОЧАНИ

октомври 3, 2022
0 минути

Ново противпожарно теренско возило, донација од „Дирекцијата за заштита и спасување“ и е доделено на Територијалната Противпожарна единица Кочани.

Територијалната противпожарна единица – Кочани со новото возило кое од денес е во возниот парк на единицата ќе има побрзо интервенирање а истото ќе може да го користи за гаснење на пожари на отворено, односно при гаснење на шумски пожари, ниско стеблеста шума како и на други тешко достапни терени.

При денешната посета на Територијалната противпожарна единица – Кочани, Градоначалникот Љупчо Папазов истакна: „Со новото возило значително се подобрува возниот парк, квалитетот и брзината при интервенции на кочанските пожарникари. Ја користам приликата да се заблагодарам на Дирекцијата за заштита и спасување за донираното возило. Им посакувам на нашите пожарникари успешно да го користат новото возило  со кое воедно сее комплетирана опремата за гаснење на шумски пожари и пожари на тешко достапни терени“.

„Ова возило ни е доделено од Дирекцијата за заштита и спасување. Возилото е теренско и ќе служи при интервенција за гаснење на пожарите на тешко достапен терен. Комплетно е опремено. Освен пумпа, располага и со резервоар од 400 литри вода, 23 млазници и црево од 50 метри.  Сакам да апелирам до земјоделците бидејќи жетвата е почната да не ги палат своите стрништа туку да изнајдат помодерен начин за да ја отсрануваат сламата“ рече Драган Апостолов – Командир на ТППЕ – Кочани.

С.  Ивановски