Ана Манасиева ученичка во I/7 клас во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани го освои второто место на Државниот натпревар во тенис кој што се одржува во рамките на училишниот спорт а на кој учествуваа средношколци/ки од прва до четврта година.
Манасиева стартуваше со две импресивни победи и заслужено стигна до финалето каде загуби од Ивана Груиќ, средношколка во трета година од средното училиште во Гевгелија.
Годинава, Државниот натпревар во тенис кој е во склоп на училишниот спорт се одржа на терените „Маркови кули“ во Прилеп.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ