ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА 25-ТИ МАЈ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА И РОДЕНДЕНОТ НА ДРУГАРОТ ТИТО

мај 25, 2024
1 минути

Скромно и достоинствено ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани го одбележа денешниот ден 25- Мај кој во времето на Југославија се славеше како Ден на младоста и Роден ден на Другарот „Тито“.

И годинава  членови на здружението со своите возила украсени со Југословенски и Македонски знамиња продефилираа низ улиците на Кочани.

Стартот беше од кај Градскиот пазар па преку улиците „Кеј на Револуцијата“, „Тодосија Паунов“, свртување кај средното училиште „Гошо Викентиев“ повторно назад по „Тодосија Паунов“ па преку улицата „Маршал Тито“ до местото од каде и тргнаа возилата.

И овој пат традицијата беше сочувана.

Да се памти а да не се заборави.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ