КЈП „ВОДОВОД“: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

јуни 23, 2024
1 минути

Ја известуваме јавноста дека иако од 18 јуни влезот во Градската депонија е строго ограничен и истата е отворена од 07 до 16 часот, во последните три денови е забележано присуство на неовластени лица во оградениот простор на депонијата.

Поради тоа што постои основано сомнение дека досега поголем дел од пожарите се намерно подметнати, за ова во повеќе наврати писмено е известен МВР – ОВР Кочани.

Бидејќи на Градската депонија е евидентно присуство на повеќе лица кои собираат отпад и таму живеат со своите малолетни деца, за истото во повеќе наврати писмено е известен и Центарот за социјални работи во Кочани.

Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани!

КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните и компаниите во иднина отпадот да го одлагаат одговорно внатре во градската депонија, а не надвор пред влезот или на самиот коловоз, бидејќи доколку во иднина бидат забележани вакви дејствија за истите ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежен комунален инспектор.

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ