НАТАЛИЈА КАРОВА ОБЕЗБЕДИ УЧЕСТВО НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО

септември 7, 2024
1 min read

Во организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Кичево се одржа „Бергер турнир“ кој всушност е продолжение на на „Купот на Македонија за кадети, јуниори и У-21“  кој мината недела се одржа во Охрид.

Од карате Клуб „Кочани“ единствен натпреварувач што минатата недела обезбеди право за учество на овој „Бергер турнир“ беше Наталија Карова која настапи во категоријата У-21 до 50 килограми и го освои третото место.

Карова во својата категорија беше поразена од Балканската победничка и од второпласираната од Европското првенство.

Но и третото место само по себе е успех бидејќи Наталија Карова обезбеди учество за Балканското Првенство кое уште не е дефинирано каде ќе се одржи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ