ЧЛЕНОВИ НА ЛЕВИЦА – КОЧАНИ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 33 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

септември 8, 2024
1 min read

Денес го празнуваме 8-ми Септември денот на независноста на Република Македонија. Денот кога на референдум македонскиот народ заедно со сите други народи и народности масовно се изјаснија за слободна, независна и суверена Република Македонија.

Иако граѓаните на Република Македонија никогаш не гласаа за отфрлање на социјалистичкиот и солидарниот економски систем кој беше наследен од СР Македонија, веднаш по прогласувањето на независноста следуваше криминалната приватизација и општиот грабеж на народното добро, за денес македонскиот граѓанин да биде со најниски примања во Европа, во должничко ропство, пример за модерен роб на неолибералниот капитализам.

Во Обединетите Нации бевме примени под привремената референца БЈРМ со што на народот на оваа земја му беше прекршено правото на самоопределување, преседан во историјата на Обединетите Нации.

Промена на државното знаме под притисок на Р. Грција.

Во 2001 година ни беше наметната меѓуетничка војна со која Македонците и Албанците беа етнички поделени на племенски табори за полесно да паразитираат врз нивната заедничка мака политичките и економските елити. Преспанскиот договор ја стави Република Македонија во најдиректна зависност од политиките на Р. Грција, чин за кој е определена и кривична одговорност.

Договорот за добрососедство со Р. Бугарија планира да ја стави Република Македонија во слична потчинетост и на политиките на Р. Бугарија.

Каде е тука слободата, независноста и сувереноста за која зборува државниот врв? Тивката окупација на Република Македонија продолжува и само со заедничка борба може да се сруши. Се бориме за денот кога на 8 септември ќе се слави паѓањето на „Северна“ и нејзиното конечно заминување на ѓубриштето на историјата!

Нека ни е среќен 8 Септември, денот на независноста на Република Македонија.

Жилаво ќе се бориме да и ја вратиме честа и државноста!

Левица – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ