ЖФК „КОЧАНИ“ СО ПОБЕДА ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА, ЛЕТНИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ПОЧНАА ДА СЕ ИСПЛАТУВААТ

септември 16, 2024
1 min read

За време на викендот се одиграа три од закажаните четири натпревари со што и официјално започна новата фудбалска сезона во втора Фудбалска Лига за жени.

„Кочани“ во првото коло гостуваше во Охрид и против екипата на „Билјанини извори“ забележа победа од 5:1 (3J. Кочанчанки се засилија во летниот преоден рок и јавно ја истакнаа кандидатурата за највисок пласман. Кочанчанки поведоа во 17’ со авто гол на еден домашен играч а потоа на сцена стапи едно од летните засилувања Ангела Стојковска која во 31’ и 32’ минута стрелаше во домашната мрежа. Со водство од 3:0 се замина на одмор. Во второто полувреме и другото летно засилување Афродита Салихи покажа  дека не заборавила да постигнува голови, во 60’ и 62’ беше прецизна за сигурно водство на „жетварките“ од 5:0. Домаќинките почесниот погодок го постигнаа во 70’ преку Јулчовска.

Резултати од 01.  коло:

Билјанини извори – Кочани 1:5

Вардар – Плачковица  2:2

Слободен – Порече  0:5

Победа Валандово – Боре (се игра во Среда)

Во следното коло „Кочани“ му гостува на „Порече“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ