ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈОТ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“!

септември 26, 2024
1 минути

За време на одржувањето на Празничното дефиле на ансамбли, институции и здруженија, во рамките на вториот ден од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, в сабота, 28 септември 2024 година, во периодот од 11 до 13 ч., за сообраќај ќе биде затворена улицата „Маршал Тито“ во Кочани, од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата. Сообраќајот за моторни возила ќе биде пренасочуван по другите улици.

В недела, на 29 септември, поради одржување на настанот Традиционално зажнејување и вршидба на ориз, во периодот од 10 до 11 ч. за сообраќај ќе биде затворен влезот од правец Виница – Кочани.

Од 10 до 13 ч., период додека трае културно-забавната програма во Оризари, за сообраќај ќе биде затворена улицата „1 Мај“.

Општина Кочани им благодари за разбирањето на сите учесници во сообраќајот и ги повикува граѓаните да ги проследат содржините од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ