ВОДИЦИ – ОСВЕТЕНИ ВОДИТЕ НА „КОЧАНСКА РЕКА“, КРСТОТ ВО РАЦЕТЕ НА ДАЛИБОР СТОЈАНОВ

јануари 19, 2022
0 минути

Во присуство на  неколку илјади Кочанчани а по повод големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“ денес со фрлање на крстот од „Крушарскиот мост“ беа осветени водите на „Кочанска Река“.

Крстот во водите го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион а од 29 капачи најбрз и најсреќен беше Далибор Стојанов.

Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ пред голем број на верници се одржа свечена божествена литургија по која свештениците од храмот заедно со верниците со свечена литија се упатија кон „Крушарскиот мост“ кај „Паркот на Револуцијата“ каде што се одржа водосветот и каде што свечено беше одбележан празникот „Водици“.

Храмот „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ на Александар Стојанов му подари „Библија“ и пригоден поклон, Компанијата „Зегин“ му врачи машина за перење а додека Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му подари златник.

С. Ивановски