ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „СЛОГА 1934“ ЈА ЗГОЛЕМУВА ПРЕДНОСТА

Во Спорт
октомври 15, 2024
1 минути

Се одиграа натпреварите од 5-тото коло во Трета Фудбалска Лига – исток по кое лидерот на табелата „Слога 1934“ го искористи киксот на Светиниколчани и ја зголеми предноста.

Виничани немаа достоен ривал во „Светлост зрновци“ и мошне лесно дојдоа до новите три бода. Дербито во Сбети Николе му припадна на „Хоризонт Турново“, Победи како домаќини остварија и екипите на „Малеш“ и „Брегалница 1926“ од делчево додека во Струмица „рибарите“ од Дојран уловија три бода како гости.

Резултати од 5-тото коло:

Овче Поле – Хоризонт Турново  1:2

Малеш – Карбинци  1:0

Тиверија – Дојранско Езеро  0:3

Брегалница 1926 – Ударник  4:0

Слога 1934 – Светлост Зрновци  6:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ