НА 31 ЈАНУАРИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ЈА ОДРЖИ ШЕСТАТА СЕДНИЦА

јануари 24, 2022
1 min read

В понеделник, на 31 јануари 2022 година, во салата на Мултикултурниот центар- Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи шестата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве 32 точки:

  1. Предлог-планови за запишување на ученици во прва година во  општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2022/23 година
  2. Давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот  за  исплата на плата на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани
  3. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2021 година
  4.  План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
  5. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на  цената на метар кубен геотермална вода
  6. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2021 година
  7. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита  на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  8. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  9. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници кои вршат административни работи во ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  10. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани
  11. Извештај за извршен попис на Општина Кочани за 2021 година
  12.  Предлог-одлука за расходување и бришење од понатамошна евиденција на постојани средства и ситен инвентар на Општина Кочани
  13. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување  на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
  14. 1Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  15. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година IV-квартал
  16. Предлог-одлука за давање согласност на договор за примање на донација од Пакомак ДОО Скопје
  17. Предлог-одлука за донесување План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 4.5 и ГП 4.6 од ДУП на град Кочани, донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 год., со намена Г2 – лесна индустрија и мало стопанство, составени од КП бр.16053/29, КП бр.16053/30, КП бр.16053/31, КП бр.15915/113 и КП бр.15915/137 во КО Кочани, Општина Кочани
  18. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2021 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
  19. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење недвижни ствари-згради, без надоместок, на ОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Кочани
  20. Финансиски извештај од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“
  21. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители  на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани
  22. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани
  23. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување на стипендија на спортист-спортска надеж  на општина  Кочани
  24. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор
  25. Предлог-план за дополнување на Планот за јавни набавки на општина Кочани за  2022 година
  26. Верификација на членови на Локален младински совет на општина Кочани
  27. Предлог-решение за изменување на решение за именување  командант, началник и членови на Штабот за заштита и спасување
  28. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани

29. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Надзорниот одбор на КЈП „Водовод“ –   Кочани

  1. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани
  2. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
  3. Предлог-решение за разрешување и именување членови на Училишниот одбор на СОУ„Љупчо Сантов“ – Кочани.

Седницата ќе започне во 10 часот.