ЕВН ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ МАЛТРЕТИРА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА „ЉУПЧО САНТОВ“ И ОКОЛНИТЕ УЛИЧКИ

јануари 24, 2022
1 min read

Неколку години по ред жителите на улицата „Љупчо Сантов“ во Кочани и помалите улички околу неа се соочуваат со проблемот прекин во електричната енергија.

Да е ден два можеби нема ни да реагираат, но ако ова се случува во континуитет повеќе години по ред  и секој ден особено во зимскиот период по неколку часови тогаш проблемот е во ЕВН.

Како што ни соопштија тие ќе го пријават проблемот, од ЕВН ќе дојдат нивни луѓе, ќе го отстранат и ќе заминат, а кога веќе во утрешниот ден пак ќе го пријават проблемот од надлежните во ЕВН ниту трага ниту глас. И така со часови, и така со денови, и така со години,.Иако семејствата од оваа улица и околните помали улички  ги имаат подмирено сите обврски спрема  ЕВН, резултатот да се отстрани проблемот е една голема 0 (НУЛА).

„Ова веќе со години се случува. ЕВН буквално не малтретира и око не и трепнува за нашиот проблем. Поголем број на семејства се вклучени во трансформаторот што е во горниот дел на улицата речиси до паркинг кај АСНОМ и можеби тој трансформатор не може да го издржи напонот што не е наша вина, туку некој треба тоа да го направи така да сите што ја користиме електричната енергија и редовно ја плаќаме без проблем и да ја користиме постојано. Верувајте имаме проблем и со електричните апарати, постојано некој ќе реагира дека му се расипал некој електричен апарат од постојаното исклучување и вклучување на електричната енергија. Реагираме до ЕВМ, го пријавуваме проблемот, дојдат велат дека го отстраниле, кога по неколку часа пак немаме електрична енергија. Некои велат дека намерно тоа го прават бидејќи некој краде од електричната енергија бидејќи е вклучен на диво. Ако е така тоа е нивни проблем и тие треба да си го решат а не ние сите да страдаме поради неколку семејства“ ни рекоа жителите од улицата Љупчо Сантов во Кочани.

Се надеваат сепак дека нивниот глас ќе допре до надлежните во државата, во спротивно не сакаат ни да помислат до кога поради неколку неодговорни семејства тие ќе страдаат. Што и да се случи , во текот на оваа зима некои наши сограѓани ќе се смрзнуваат доколку се греат на електрична енергија и ќе живеат во страв дали нивните електрични апарати тоа исклучи-вклучи ќе го издржат.

Како и да е ЕВН ги малтретира овие луѓе а како што сега стојат работите малтретирањето продолжува.

С. Ивановски