Денес во градот Гоце Делчев (Република Бугарија) се одржа III Меѓународен турнир во борење „Куп Неврокоп“. Во конкуренција на 430 борачи од 14 држави борачите на „Спартак“ учествуваа со шест претставникакои освоија три бронзени медали.
Бронзените медали ги освоија:
Даријан Павлев во категоријата до 68 килограми У-15
Лазар Ангелов во категорија до 52 килограми У-9 и
Павел Темелков во категорија до 75 килограми У-15
На петтото место се пласираше Филип Ангелов кој настапи во категоријата до 75 килограми У-17, додека преостанатите двајца борачи Мартин Цветков и Матеј Максимов останаа без пласман.
Борачите на овој мошне силен турнир ги водеше тренерот Иван јанев а кочанското борење го претставуваше и Игор Христов како еден од судиите на душекот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ