БЛОКАДАТА КАЈ БЕЛСКАТА КРИВИНА ПРЕКИНАТА, ПРОДОЛЖУВА 24 ЧАСОВЕН МОНИТОРИНГ ЗА ДОТУР НА СМЕТ НА ДЕПОНИЈАТА

ноември 14, 2024
1 минути

Почитувани граѓани на град Кочани и пошироката јавност…

Ви се обраќаме со цел да ве известиме дека ја прекинуваме блокадата на Белска Кривина, заклучно денес – 14.11. 2024 г., како знак на доверба кон локалната самоуправа која ЕДНОГЛАСНО не’ поддржа со донесување на конечна ОДЛУКА за нашите барања во борбата со токсичната локална депонија и нејзиното прераснување во регионална!!

НАША КОНЕЧНА цел е чист воздух и здрава околина во нашето Кочани.

Сега, во насока на реализирање и спроведување на донесената Одлука, а се до формирањето на надзорното тело – Еко-патрола за управување со смет на територијата на град Кочани, група на граѓани ќе продолжат со 24 часовен мониторинг на работата и дотурот во депонијата, за која во моментот според Одлука на Совет на општина Кочани единствена надлежност има КЈП „Водовод“ и истото ќе управува само со сметот на територијата на град Кочани.

ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ на поддршката за сите вас кочанчани, и секако – благонаклонети медиуми!! Продолжуваме сите заедно со борбата за ЧИСТО КОЧАНИ

ИЗВОР:  Група  граѓани  од  протестот

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ