КЈП „ВОДОВОД“: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА И ПРЕЗЕМЕНИ РАБОТНИ АКТИВНОСТИ

декември 1, 2024
1 минути

И покрај лошите временски услови, изминатата седмица од страна на приватни компании кои вршат градежни активности на територија на Општина Кочани се врши редовен дотур на земја до Градската депонија. Исто така од страна на Општина Кочани по изведување на градежни зафати на улици во Кочани се врши редовен дотур на тампон и гребан асфалт заради тампонирање на пристапот и влезот на Градската депонија за полесен пристап на специјалните комунални возила за отпад на КЈП “Водовод” Кочани.

Економскиот оператор кој е избран на јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација, секојдневно е присутен на терен и активно работи на туркање на ново пристигнатиот отпад и негово затрупување со земја.

Поставената стражарска служба од страна на КЈП “Водовод” Кочани и Општина Кочани врши засилена контрола и евиденција на возилата од Кочани кои депонираат отпад на Градската депонија.

Одговорното лице определено од КЈП “Водовод” Кочани за управување и менаџирање со ново пристигнатиот отпад на Градската депонија секојдневно врши контрола, селектирање и распоредување за подоцнежно правилно и олеснето третирање на новиот отпад.

Овластени лица од КЈП “Водовод” Кочани преку поставениот видео мониторинг вршат редовна контрола за состојбата на Градската депонија како и за начинот на депонирање на отпад.

КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека приватните превозници на отпад и граѓаните може да го депонираат отпадот на Градската депонија секој ден од 08 часот до 16 часот при што задолжително треба да се придржуваат до распоредот и начинот на кипање кој ќе го определи стражарската служба на Градската депонија!

КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека најстрого е забрането депонирање на отпад од гума и метал на Градската депонија!

КЈП “Водовод” Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ