Во присуство на голем број љубители на убаво напишаниот збор денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше промовирана книгата „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“ од авторите Георги Ајановски и Доне Донев.

Станува збор за книга посветена на историскаѕа личност Малина Пипиванова и нејзиното семејство, како за Кочани така и за Македонија.
Авторите при изготвувањето и реализацијата на ова значајно дело имаа несебична поддршка и поттик од страна на издавачот ,,Европа 92″.

Промотор на книгата беше проф. д-р Виолета Ачковска, а извадоци презентираше актерот Страшно Милошевски.
При промоцијата на книгата присутните ги водеше Кристина Атанадова Арсова.



С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

 
	
	 
		 
	 
	 
 
   
     
   
     
   
     
   
     
   
     
	 
	 
	 
	 
	 
	