ОДБЕЛЕЖАН ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“

септември 26, 2022
0 минути

Учениците од  ООУ „Никола Карев“ во соработка со ЈЦ (Јазичен Центар) „Амичи“ од Кочани со пригодна програма го одбележаа денешниот ден 26. Септември „Европскиот ден на јазиците“ кој годинава се реализираше под мотото „јазикот – мост кој поврзува“.

Рецитали од различните јазици застапени во Европа и испишаните пораки на различни јазици беа дел од програмата.

Со ваков вид на манифестација учениците од ООУ „Никола Карев“ во соработка со Јазичен центар „Амичи“ испратија јасна порака за зачувување на сите јазици кои се застапени во Европа.

С. Ивановски