КОЧАНЧАНКА ПОРАДИ ИЗМАМА ПОДНЕЛА КРИВИЧНА ПРИЈАВА

јануари 3, 2025
1 минути

На 02.01.2025 во 13.45 ч. во ПС ОН Кочани 45-годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од С.А.. Според пријавеното, од октомври 2024 до денот на пријавување, по претходен договор дека за 22.000 евра ќе и ја направи куќата, во неколку наврати му дала вкупно 18.500 евра, но С.А. не ја направил куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Соопштение СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ