Залудно наши сограѓани протестираа со седмици кога по наредба на „големите“ и покрај Одлуката на Советот на Општина Кочани, и понатака други општини депонираат смет на Градската депонија над селото Бели.
Но, штом им ги „истргнаа ушите“ на овдешните надлежни служби а овие веднаш ја „свиткаа опашката“ ајде некако да ги и разбереме (иако нема логика), но никако да го разбереме простиот однос на дел од населението. Никако да ја научиме лекцијата дека секој поединец треба да биде совесен дека тој е тој што треба да ја штити природата и со тоа да се избори за чиста животна средина.
Ако денес сте биле на патниот правец кон Брана „Гратче“ имало што да видете од двете страни и на патот и на реката, на кој каде што му текнало фрлал смет иако можел малку да се „помачи“ да размисли дека истиот требало да го одложи во некој од контејнерите на периферијата од градот.
За жал кога некој треба да обвинуваме се трудиме од петни жили тоа да го направиме ама кога дојде ред ние да одлучуваме каде треба нашиот смет да го фрлиме, го одложуваме каде ќе ни текне без да размислиме дека ја загадуваме и реката а и природната околина.
Што народ смет ќе исфрли дека не треба, ни сто комунални претпријатија нема да можат да го исчистат.
За жал се е во менталниот склоп на народот.
Епа мои пријатели, тоа не се учи во училиште, тоа се стекнува со домашно воспитување а колку сме домашно воспитани зборуваат фотографиите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ