РУИНИРАЊЕТО НА ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПРОДОЛЖУВА, ВРЕМЕ Е ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НАДЗОРНИ КАМЕРИ

јануари 20, 2025
0 минути

Руинирањето од страна на поединци или на некоја група на Градскиот Трговски Центар во Кочани продолжува со несмалена брзина.

Вчера пишувавме за оштетената ограда а денес за оштетените скали кои водат од „тунелот“ кон фонтаната.

Сето ова наметнува дека е потребно конечно поставувањето на надзорни камери. Ако советниците со Градоначалникот изнајдоа начин како да се плаќа потрошената електрична енергија на диво населените во „Старата касарна“, така да се изнајде начин и да се заштити она што од даноците на граѓаните е изградено.

Приказните од типот дека со поставувањето на камерите ќе се наруши приватноста на поединци, не држат. Времето тече а градот од ден на ден е се повеќе оштетуван. Ова во трговскиот центар се гледа а кој знае на перипетијата или во другите средини што се сé случува.

Доста се трошеа парите од буџетот за  да има партиски мир, сега треба да почне да се размислува општо за доброто на сите граѓани.

Еве јавно ги повикуваме советниците од сите партии да заземат   единствен став и да донесат одлука да се постават надзорни камери за почеток во централното градско подрачје а потоа постепено да се покрие целиот град (како што е впрочем во сите цивилизирани средини) па сите оние кои го прават овој зулум врз заедничките добра да почнат сами неговото оштетување да го плаќаат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ