Управниот Одбор на ОФС (Општинскиот Фудбалски Сојуз) Кочани на својата редовна седница одржана на ден 26.12.2024 година донесе Одлука за свикување на Изборно Генерално Собрание на ОФС Кочани.
Изборното Генерално Собрание ќе се одржи на ден 26.01.2025 година (Недела) со почеток во 14:00 часот во салата за состаноци во Хотел „Амор“ – Кочани.
По изборот на комисиите и телата на Собранието како главна точка од Дневниот ред ќе биде избор на Претседател на ОФС – Кочани, избор на нови членови на Управниот Одбор, како и избор на делегати и заменици делегати во Собранието на ФФМ.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ