Како што ни јавува наш читател секојдневна е сликата на тротоарот пред училиштето „Св. Кирил и Методиј“. Несовесни родители инаку учесници во сообраќајот секојдневно ги качуваат своите возила на тротоарот чекајќи ги своите дечиња по завршување на наставата со што го блокираат поминувањето на останатите дечињата по завршувањето на наставата.
Постојано може да се види како дечињата со своите родители кои се дојдени без возила или возилата им се некаде прописно паркирани мораат да слегуваат од тротоарот на самата улица и да се доведат во опасност.
Апелира до надлежните да превземаат мерки за да се спречи оваа појава која секојдневно се повторува. Место има за паркирање но треба да проработи совеста кај секого.
На потег се надлежните, додека е време, за да утре веќе не биде доцна.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ