ГРАЃАНИТЕ ПОРАЧУВААТ, ОЧЕКУВАМЕ БРЗА РЕАКЦИЈА НА КЈП „ВОДОВОД“

април 7, 2025
0 минути

До нашиот портал стигна граѓанска реакција во писмена форма заедно со неколку фотографии. Истата се однесува за тротоарите на улицата „Борис Трајковски“ во Кочани. Во реакцијата која ја пренесуваме во целост се вели:

„Почитуван, пред некое време имаше реакција на вашиот медиум за несредените тротоари на нашата улица Борис Трајковски. По завршувањето на градежните активности, тротоарите останаа недовршени. Сега на тротоарите има израснато огромна трева која не се коси. Бараме Директорот на Водовод со надлежните вработени да излезат на терен и да си ја сработат работата. Огромната трева која не се коси е надополнета со разни отпадоци на недовршениот тротоар кој не е изметен кој знае од кога. Ваквата трева е опасност за најмалите наши сограѓани бидејќи е можно од реката која не се коси да излезат змии. Очекуваме дека надлежните од Водовод ќе се зафатат со работа и редовно ќе ја косат тревата и ќе го собираат отпадот од кантите кои веќе се преполни и барем да го направат тротоарот прооден и да го изметат. Очекуваме брза реакција од Водовод…..“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ