ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВО ЗРНОВЦИ ПРЕКИНАТ НАТПРЕВАРОТ ВО 76 МИНУТА

Во Спорт
април 19, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од 15-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Натпреварот во Зрновци помеѓу Светлост и Хоризонт Турново не го дочека крајот. Во 76 минута при резултат 2:2 еден гостински играч незадоволен од една одлука на помошниот судија дојде до него, оствари личен контакт по што го напушти натпреварот, а главниот судија истиот го прекина. Дисциплинската комисија е на потег, но со оглед на сите извештаи по се изгледа нема да имаат дисциплините тешка задача, бидејќи како што дознаваме се е забележано.

Но на останатите четири натпревари се играше фудбал.

Лидерот на табелата „Слога 1934“ и во ова коло беше немилосрдна кон својот противник, виничани едноставно го торпедираа голманот на „Ударник“ и ја забележаа втората висока победа во ова првенство.

„Брегалница“ во Делчево забележа нова победа и се ислачи на второто место на табелата. На преостанатите две средби, во Струмица и Берово немаше победник.

Резултати од 15-тото коло:

Слога 1934 – Ударник 13:0

Светлост – Хоризонт Турново – прекината при резултат 2:2

Брегалница – Дојранско езеро  1:0

Тиверија – Карбинци  2:2

Малеш – Овче Поле  0:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ