Се диграа натпреварите од 13-тото претпоследно коло во Втората Фудбалска Лика за жени, по што стана сосема јасно дека во последното коло ќе се знае која екипа ќе биде шампион во лигата и ќе обезбеди директен пласман во Првата Фудбалска Лига за жени а која второпласирана екипа ќе игра бараж за влез во повисокиот ранг.
Лидерот на табелата „Кочани“ со головите на Стојковска во 29’64’69’ и Салихи во 46’76“ ја совлада „Победа 16“ со 5:0 (1:0). Второпласираниот „Вардар“ во дерби на колото како гост славеше против „Билјанини извори“. „Борец“ како домаќин загуби од „Порече“ а „Плачковица“ беше поуспешна од „Слободен“ во Радовиш.
Резултати од 13-тото коло:
Кочани – Победа 16 5:0
Билјанини извори – Вардар 1:2
Борец – Порече 1:3
Плачковица – Слободен 3:2
Во последното коло „Кочани“ му гостува на „Вардар“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ